Бројот на новозаразени само за една недела ќе надмине 1.000: Прва мерка целосна забрана за концерти и јавни настани
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2020
Вкупниот број на
новозаразени само до денеска е 984, поради што до утре, односно само за една
недела се очекува бројката да биде над 1.000. Здравствените власти уште од
вчера најавија дека во текот на викендов целосно ќе ја анализираат состојбата,
конкретно начинот на трансмисијата на вирусот, по што ќе разгледаат кои рестриктивни
мерки и како етапно ќе ги воведуваат.
Телма пак дознава дека прва мерка што ја препорачаат ќе биде забрана за концерти и јавни настапи цела зима.
Денеска бројот на новоинфицираните со ковид е 243 што е најголем од почетокот на епидемијата. Освен Скопје и во уште неколку градови, епидемиолошката состојба е нагло влошена со многу висок број на активни случаи на корона вирусот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18602, а со вакво темпо брзо ќе достигне 20.000 заразени со корона вирусот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.