БУГАРИЈА: Цената на лебот ќе се зголемува на секои 10 дена?
Објавено во: Економија 14 Ноември, 2024
Цената на лебот во Бугарија ќе се зголемува на секои 10 дена.
Производителите предвидуваат поскапување на лебот. Лошата вест за цената на најважниот дел од бугарскиот оброк ќе важи доколку се отстрани нула ДДВ, информира БНР. Маријана Кукушева од Сојузот на производители на леб изјави дека доколку се прифати враќање на стапката на ДДВ од 20 отсто за брашно и леб во буџетот за 2025 година, лебот ќе поскапува на секои десет дена, објави Телеграф.бг.
Вршителот на должноста министер за земјоделство и храна, Георги Тахов, го отфрли ваквото сценарио и потсети дека може да се дадат предлози во рамките на буџетската процедура, но конечната одлука е на парламентот.
„Ниту сум видел, ниту прочитал некаде, ниту сум допрел некаде контекст во кој би се случиле овие апокалиптични предвидувања. Убеден сум дека тоа нема да доведе до такво нешто. Буџетската рамка во моментов е отворена. Сето тоа мора да помине низ дебата во салата и конечно буџетот да биде одобрен од народните избраници“, рече Тахов.
Отстранувањето на нула ДДВ за лебот и брашното би довело до појава на 50 oтсто сив сектор, до промена на цената на лебот на секои 10 дена, до мешање директно во џебот на сите вас.foto freepik.com/onlyyouqj
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.