06 Октомври, 2024
0.0253

Carrefour расте

Објавено во: Економија 01 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Францускиот синџир хипермаркети Carrefour забележа раст на продажбата и оперативната добивка во првото полугодие благодарение на обновата во Европа и отпорноста на бразилските операции, соопштува CNBC. Слабата профитабилност на главниот пазар на синџирот - Франција, како целина е компензирана, наведува весникот. Медиумите потсетуваат дека беа зголемени даноците за големите комерцијални простори во земјата, кое ги зголеми трошоците на компанијата. Продолжува и интеграцијата со неодамна стекнатиот синџир продавници Dia. На резултатите на Carrefour во Франција натежнуаваат и трансферите на приходи од кирии од шопинг центрите кон Carmila - подружницата на синџирот, создадена во 2014 година, која се занимава со управувањето и инвестициите во имот. Компанијата продолжува да се соочува со проблеми и во Кина, каде забавувањето на економијата се одразува на потрошувачката како целина. Групацијата со седиште во Париз вели дека ќе продолжи да ја спроведува својата стратегија за проширување, а развива синџири и во Бразил и Кина и електронска трговија. Ќе продолжи и процесот на интеграција на синџирот DIA. Carrefour реализира околу три четвртини од својата продажба во Европа, наведува весникот. Компанијата се чини дека е на врвот на својата ренесанса благодарение на планот на новото раководство за реструктуирање на бизнисот. Синџирот се фокусира на цените, ги скратува трошоци и ги проширува помалите продавници, истовремено ажурирајки ја и примарната, традиционална мрежа на хипермаркети. Carrefour предвиде оперативен профит во износ од 726 милиони евра во првото полугодие, додека аналитичарите анкетирани од Thomson Reuters, очекуваа таа да достигне околу 711 милиони евра. Финансискиот резултат се подобрува со 2,6% на годишна основа. Нето продажбата за првата половина на годината изнесуваат вкупно 37,7 милијарди евра, што е за 5,2% повеќе во однос на првата половина на минатата година. Оперативната добивка на ланецот во Франција достигна 321 милиони евра, а оперативната маргина останува стабилена и покрај стекнувањето на DIA, повисоките даноци и трансферите кон Carmila, наведува компанијата во излагањето. Во другите европски држави оперативната добивка забележува остар раст до 122 милиони евра за полугодието од 36 милиони евра една година порано. Зголемувањето се објаснува со наплатата во Шпанија и подобрувањето на ситуацијата во Италија, како и со подобро позиционирање на синџирот во однос на цените. Оперативната добивка од работењето во Латинска Америка расте со малку над 26% за полугодието во однос на истиот период минатата година до 296 милиони евра поради доброто претставување на синџирот во Бразил и Аргентина. Во Азија сепак оперативната добивка е 50 милиони евра, земајќи го предвид забавувањето на кинескиот пазар, за кој Carrefour применува и посебен акционен план. Овој план се предвидува да биде ставен и во долгорочната стратегија за развој на групата. Како главни приоритети за 2015 година компанијата наведува дека ќе продолжи да ги применува акционите планови на сите пазари со послаби резултати и на пазарите со континуираното подобрување. Ќе продолжи и експанзијата на клучните пазари на групата, како и ќе се развива понудата на стоки преку повеќе канали за трговија, вклучувајќи и со развивањето на електронска трговија на некои пазари. Обработка: К.К. Извор: CNBC.

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?