17 Октомври, 2024
0.0269

„ЧАДОРИТЕ СЕ ЗА КАМПАЊА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ“: Лога контра Филков „навреме се подмирени сите фактури“

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

- За жал, господинот Филков е само потписник во таа институција, а Министерството го раководи г-ѓа Радица Лазареска Геровска, со која целото министерство нема добра комуникација.

Во време кога беше избрана новата власт, јас бев на испланиран семеен одмор, за кој се добива решение од Владата. Се вратив два дена по неговиот избор, на 26-ти, и неколку пати го барав г. Филков на телефон и преку СМС пораки, а потоа и преку кабинетот. Бев информиран дека тој ќе ме побара, но, за негова несреќа, сè уште е затворен во својот кабинет од својата шефица на кабинетот, која не му дозволува да комуницира - објави денеска поранешниот министер за правда, Кренар Лога на неговиот Фејсбук профил. 

Тој е револтиран од пресконфренцијата на неговиот наследник Филков, кој посочи 

„Го преземав Министерство на невообичаен начин-без примопредавање од мојот претходник и целосно испразнет кабинет од потребната документација, но преполн со тукушто набавени чадори, маици, торби, чаши и други предмети, секое во количина од над 200 парчиња, и неплатена фактура од 956.000 денари за добавувачот на истите.

- затекнав сериозно испразнети финансиски ресурси;

- непостоење на евиденција за добиени и користење на мобилни телефонски уреди, лаптопи, електрични скутери и слично, од страна на мобилниот провајдер, што укажува на персонификација на мојот претходник со институцијата Министерство за правда;

- нефункционален возен парк;

- и слободно можам да кажам девастирана функционалност на Министерството“. 

На ова, Лога посочува „За трагикомедијата да биде поголема, тој сè уште продолжува да молчи. За сите тие важни теми тој нема став, повторува една бамална реченица "и премиерот е право и меѓународните сојузници се у право" се крие од јавноста и чека писмен одговор од г-ѓа Радица.

- Писмото од Оценската мисија е добиено по електронски пат, исто како што го добија и Вицепремиерот Маричиќ, претседателот на судски совет Сашко Георгиев и други. Еден дел од писмото беше наменет за јавноста, додека другиот беше класифициран само за министерот. Тоа писмо е архивирано од службено лице во Министерството кое ракува со доверливи материјали, но, нормално, Радица не може да го добие додека нема безбедносен сертификат. Истото писмо, со дозвола на мисијата, е споделено и со работната група, односно со претседателот академик Владо Камбовски - пишува Лога. 

Потоа појаснува дека возниот парк е ист со оној што го користеле и претходните министри. Но, и дека министерството за правда во соработка со Советот на Европа презема активности за подобрување на системот на БПП, и додава дека во Секторската развојна стратегија за правосудство и Акцискиот план се предвидени низа активности за подобрување на пристапот до правда кои се предвидени во Посебната цел 1.7. (Стр.38-42 од Акцискиот план)

- Вработените во подрачните одделенија/канцеларии за бесплатна правна помош се исти повеќе години, а со истиот кадар веќе отворивме и повеќе канцеларии. Отворениот оглас, каде што требаше да се пополнат некои работни места, беше поништен од ваша страна за да вработите „ваши луѓе“.

Министерството нема долгови, бидејќи на време беа подмирени сите фактури. Наместо да бидете среќни што го имате материјалот со кој јас не располагав, вие неосновано критикувате зошто сите тие матерјали се двојазични односно и на албански јазик. Двесте чадори се наменети за кампањата за бесплатна правна помош, заедно со Советот на Европа - нагласува Лога. 

Потоа дополни дека лаптопот е во ПР канцеларијата, другиот е кај преведувачите, тротинетот е во едно од одделенијата за бесплатна правна помош, а телефоните, добиени преку субвенција, се распределени на оние кои најмногу работат и се евидентирани на телефонските броеви.

- За сите овие тврдења, но и за 100-дневниот период на министерот Филков, ќе имам јавно обраќање и брифинг со новинари.

Го предизвикувам министерот Филков на јавна дебата, било еден на еден или со учество на госпоѓа Радица од негова страна - заклучи Лога. 

Еве ја неговата објава: 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Продолжи судењето за двојното убиство, Кешишов ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Продолжи судењето за двојното убиство, Кешишов ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања

ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА НА ЛИЦЕ МЕСТО - се преврте комбе пред тунелот кај Велес, пет повредени во болница, се врши увид

ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА НА ЛИЦЕ МЕСТО - се преврте комбе пред тунелот кај Велес, пет повредени во болница, се врши увид

РАЗРЕШЕН СУДИЈАТА ЛАЗАР НАНЕВ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: повиците кон обвинетиот на кој самиот му судел „му пресудија“

РАЗРЕШЕН СУДИЈАТА ЛАЗАР НАНЕВ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: повиците кон обвинетиот на кој самиот му судел „му пресудија“

НОВ ДИРЕКТОР НА АНБ: На оваа позиција доаѓа Бојан Христовски

НОВ ДИРЕКТОР НА АНБ: На оваа позиција доаѓа Бојан Христовски

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ВЕЛЕС ПРЕД ТУНЕЛОТ: сообраќајот е блокиран

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ВЕЛЕС ПРЕД ТУНЕЛОТ: сообраќајот е блокиран

„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ШТЕДИ НА ГРБОТ НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШ“: Јакимовски вели државата не им ги исплаќа предвидените средства

„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ШТЕДИ НА ГРБОТ НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШ“: Јакимовски вели државата не им ги исплаќа предвидените средства

„ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА ИСТАТА ЛИЧНОСТ“: остра критика кон министерката Јаневска - „не е смешно, туку е трагично“

„ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА ИСТАТА ЛИЧНОСТ“: остра критика кон министерката Јаневска - „не е смешно, туку е трагично“

МЕЏИТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР РАДУКОВ: На кои теми разговараа?

МЕЏИТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР РАДУКОВ: На кои теми разговараа?

ПЕТНАЕСЕТ ЦАРИНИЦИ И ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ УАПСЕНИ ПОРАДИ ПОТКУП ОД 20 ДО 150 ЕВРА - уапсените може да добијат до 10 години затвор

ПЕТНАЕСЕТ ЦАРИНИЦИ И ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ УАПСЕНИ ПОРАДИ ПОТКУП ОД 20 ДО 150 ЕВРА - уапсените може да добијат до 10 години затвор