16 Октомври, 2024
0.0338

РАЗРЕШЕН СУДИЈАТА ЛАЗАР НАНЕВ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ: повиците кон обвинетиот на кој самиот му судел „му пресудија“

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Поранешниот претседател на Основниот суд во Кавадарци, актуелен судија, Лазар Нанев денеска е разрешен од функцијата член на Судскиот совет. Одлуката попладнево ја донел Судскиот совет, највисокото судско тело во земјава. 

Претходно членовите на судскиот совет одлучија да ја исклучат јавноста од дебатата и од гласањето за утврдување одговорност на Нанев и целата расправа денеска се водеше зад затворени врати. Претходно веќе беа во тек две дисциплински постапки против Нанев, кои на негово барање се водеа со присустов на јавноста, но денеска, повторно на негово барање, медиумите беа исклучени од расправата. 

Инаку во јавноста се прошири информација дека судијата Нанев дури 97 пати му се јавил на обвинет во неколку дена, во предмет кој самиот го судел. Како што беше објавено, уште лани Вишиот јавен обвинител на Скопје Мустафа Хајрулахи го пријавил Нанев во Судскиот совет, обезбедувајќи доказ-листинг од јавувањата по телефон од страна на судијата Нанев.

За притисоци и недолично однесување него го пријавила и обвинителка од Кавадарци.

Додека трае жалбената постапка, во мирување се другите две претставки за разрешување на Нанев, бидејќи судија не може повеќе од еднаш да се разрешува. Едната пријава е од претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, против која тој усно и на писмено изнел многу навреди, а другата е од адвокатка од Кавадарци која наводно Нанев вулгарно ја навредувал и ѝ се заканил пред семејството.

Дициплинските постапки за Нанев за телефонски повици кон обвинетиот Вачно Кузманов, сопственик и управител на фирмата „Анго Вест ДООЕЛ“, кого Нанев го ослободил и за навредувањето на Дамева, беа јавни. Претставката од адвокатката се води на затворени седници.

Инаку, на претходната седницата на Судскиот Совет во септември беа изнесени низа обвинувања за лична дискредитација, нарушен углед и омаловажување меѓу претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева и судијата Лазар Нанев.

Тогаш, во центарот на превирањата беше прв братучед на Дамева, Љупчо Грков, кој се бара со меѓународната потерница. Дамева побара утврдување на одговорност за Нанев, поради неговиот обвинувања дека Судскиот совет не го заштитил од заканите од нејзиниот братучед и дека таа влијаела на барањето за екстрадиција на Грков и со тоа го нарушил нејзиниот углед и угледот на Судскиот совет. Дамева го обвини Нанев дека целта на сето ова му е да влијае на другата постапка во Судскиот совет која се води против него за несовесно и нестручно вршење на функцијата.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Продолжи судењето за двојното убиство, Кешишов ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Продолжи судењето за двојното убиство, Кешишов ја однел полицијата до местото каде била закопана Вања

„ЧАДОРИТЕ СЕ ЗА КАМПАЊА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ“: Лога контра Филков „навреме се подмирени сите фактури“

„ЧАДОРИТЕ СЕ ЗА КАМПАЊА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ“: Лога контра Филков „навреме се подмирени сите фактури“

ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА НА ЛИЦЕ МЕСТО - се преврте комбе пред тунелот кај Велес, пет повредени во болница, се врши увид

ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА НА ЛИЦЕ МЕСТО - се преврте комбе пред тунелот кај Велес, пет повредени во болница, се врши увид

НОВ ДИРЕКТОР НА АНБ: На оваа позиција доаѓа Бојан Христовски

НОВ ДИРЕКТОР НА АНБ: На оваа позиција доаѓа Бојан Христовски

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ВЕЛЕС ПРЕД ТУНЕЛОТ: сообраќајот е блокиран

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ - ВЕЛЕС ПРЕД ТУНЕЛОТ: сообраќајот е блокиран

„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ШТЕДИ НА ГРБОТ НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШ“: Јакимовски вели државата не им ги исплаќа предвидените средства

„НЕ МОЖЕ ДА СЕ ШТЕДИ НА ГРБОТ НА ДЕЦАТА И ГРАЃАНИТЕ НА КАРПОШ“: Јакимовски вели државата не им ги исплаќа предвидените средства

„ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА ИСТАТА ЛИЧНОСТ“: остра критика кон министерката Јаневска - „не е смешно, туку е трагично“

„ДАЛИ СЕ РАБОТИ ЗА ИСТАТА ЛИЧНОСТ“: остра критика кон министерката Јаневска - „не е смешно, туку е трагично“

МЕЏИТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР РАДУКОВ: На кои теми разговараа?

МЕЏИТИ СЕ СРЕТНА СО БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР РАДУКОВ: На кои теми разговараа?

ПЕТНАЕСЕТ ЦАРИНИЦИ И ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ УАПСЕНИ ПОРАДИ ПОТКУП ОД 20 ДО 150 ЕВРА - уапсените може да добијат до 10 години затвор

ПЕТНАЕСЕТ ЦАРИНИЦИ И ЕДЕН ПОЛИЦАЕЦ УАПСЕНИ ПОРАДИ ПОТКУП ОД 20 ДО 150 ЕВРА - уапсените може да добијат до 10 години затвор