Четири милиони денари за нова опрема издвои Министерството за здравство
Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2015 16:53
Околу четири милиони денари издвои Министерството за здравство за набавка на изолациска количка за транспорт на лица со сериозни инфективни заболувања, скафандери, одела, чизми и 15 дишни апарати, опрема која ќе биде стационирана во Здравствен дом Скопје.
Македонија е една од првите земји во поширокиот регион која има набавено ваква опрема. Освен за заболени од ебола, може да се користи и за транспорт на лица со САРС, колера итн. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска направи увид во опремата презентирана во кругот на Поликлиниката Букурешт во близина на Итната медицинска помош.
- Се надевам дека нема да има потреба да се употреби опремата. Ја набавуваме со цел здравствениот систем во Македонија да биде комплетно подготвен за справување со вакви несакани ситуации или последици од сериозни инфективни заболувања, посочи Тодоров.
Оваа опрема, нагласи, ја имаат набавено сите развиени здравствени системи и се користи за транспортирање болни кои имаат сериозни инфективни заболувања.
- Опремата има посебен режим на чување. Предвидено е количката да биде чувана на едно место и да има одговорна установа која има обврска еднаш во период од шест месеци да ја проверува и да биде правен редовен сервис, истакна Тодоров.
Тој потенцира дека опремата може да се користи за транспортирање пациенти од една во друга здравствена установа во државата, за транспортирање пациенти од Македонија во странство и обратно, за транспортирање со амбулатно возило и за авионски транспорт.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк




