Четириесет годишен скопјанец со секира нападнал автобус и возач на ЈСП
Објавено во: Македонија 09 Март, 2016
Нервозен возад вчера кај Рамстор на ул. „Св.Кирил и Методиј“ направил вистинска драма кршејќи стакла на автобус на ЈСП и вознемирувајќи ги патниците.
Поради расправија и недоразбирање во сообраќајот возачот на автомобил „Ауди А4“ излегол од возилото и со секира дивеел низ улицата.
Според информациите тој најпрво удрил во страничното стакло од автобусот и се обидел преку искршеното стаклото да го нападне возачот при што влегол во автобусот сакајќи да го нападне возачот.
За среќа брзата интервенција на патниците го спречила во намерата.
Возачот бил приведен од страна на Алфите а МВР работи на расчистување на случајот.