Добивај вести на Viber
Во четврток на 22 – ри мај од 17:30 ч. ќе се одржи четвртото Бизнис Кафе Македонија во ресторанот
La Champagneria (ул. Никола Вапцаров бр. 3 - претходно Okaidi – продавница за деца)
Гости на 4 тото бизнис кафе ќе бидат:
Александар Манев магистер по финансии, инвестициски советник, основач и директор на
www.faktor.mk, најрелевантен и најпосетен бизнис портал за бизнис и економија. Добитник на повеќе медаљи за успешни презентации TOP Menadjment i Bled School of Management, прва генерација лиценцирани инвестициски советници во РМ и основоположник на првите инвестициски фондови во РМ - Илирика.
По
тоа на четвртото бизнис-кафе ќе зборува
Марина Анчевска - oсновач и генерален менаџер на Центарот за бизнис психологија – Системски НЛП , Југоисточна Европа. Дипломиран етнолог и меѓународно сертифициран NLP Master Practitioner, Бизнис коуч, Холистички терапевт и Јога инструктор.
Трет гостин ќе биде
Ивана Колева, основач и сопственик на брендот СЕ за РОДЕНДЕН. Прва и единствена е-продавница за купување роденденски подароци преку Интернет со достава како изненадување до назначена адреса (
www.sezarodenden.mk) - организација на родендени од бајките за ГОЛЕМИ и мали деца и компании.
По инспиративните приказни на претприемачите, гостите ги очекува организирано дружење со цел за меѓусебно запознавање и склучување на договори, како и богати награди од спонзорите на настанот.
Бизнис кафе претставува дружење на директори, менаџери, сопственици на мали и средни фирми и оние кои сакаат тоа да бидат со цел размена на информации, споделување на искуства и мотивација. Во Македонија првото бизнис кафе се одржа на 05.12.2013, на 18.12. 2013 истиот проект стартуваше во Босна и Херцеговина, а наскоро се планира ширење во Словенија и Србија.
Котизација за настанот во износ од 400 денари можете да си обезбедите on line на :
a)
http://www.kupikartizase.com/Events/business_cafe_macedonia_4 или
b) на фактура (на
katerina@mkbizniskafe.mk)