Човекот кој ќе ја менува поновата македонска историја: Процесот ќе биде бавен
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2018 21:14
Утре за прв пат се состанува бугарската комисија задолжена за „пеглање“ на историјата, а формирана врз основа на Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија.
Поранешниот ректор на Софискиот универзитет професор Иван Илчев, кој е член на
комисијата, вели дека на првата средба ќе се оценуваат насоките на идната работа.
Тој предвидува дека разговорите со Македонија ќе бидат тешки и долги, бидејќи
македонската јавност била „обработувана” низ образованието и со масовните медиуми
во една одредена насока веќе повеќе од 100 години.
„Задачата нема да биде лесна – да се поврати некакво знаење за минатото, да се
наведе дека тоа минато може да стане и би требало да биде основа на добрососедски
односи меѓу сега постоечките држави. Би требало да се направат некакви промени во
образовниот систем, па да се избегнат некои екстремни проценки и кај двете страни.
Процесот ќе биде многу долг и и бавен. Не треба да се очекува брзо решавање на
проблемите“, изјави тој.
„Општеството има релативно кратка меморија. Не смееме да заборавиме дека слични комисии имаше во 70-тите и 80-тите години, кои дискутираа како да се избегнат меѓусебно неприфатливи проценки во учебниците по историја и литература. Имаше – бугарско-романска,бугарско-југословенска, така што имаме малку искуство во овој поглед“.
Иван Илчев, смета дека денешните студенти како и општество како целина не ги
познаваат доволно соседните држави и тоа се должи и на содржината на учебниците.
Можеби ќе ве интересира
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
„АКО ОДБИВА ДА ПОТПИШЕ - СЀ Е ЈАСНО“: СДСМ тврди дека Мицкоски не ја зборува вистината за мигрантите
Предлогот за разрешување на Коцевски и Резолуцијата на власта за осуда на манипулациите на опозицијата за мигрантите во Собранието
Нашинците склучуваат бракови во странство, ова се топ три земји...
И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат
SMART CITY ВИ Е DUMB CITY: Колозова со критики - „никогаш нема да повеќе да возам“
ОВА СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ДА ИМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Мицкоски без нив нема да го менува Уставот
Фото: Сите скопски градоначалници синоќа беа на плоштад: Присуствуваа на вклучувањето на новогодишните светилки
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот




