„ЦРНА МАИЦА И ДУКСЕР И ОСТАВИ КОЛКУ МОЖЕШ“: навивачите собираат донации за семејството на прерано заминатиот другар Андреј
Објавено во: Македонија 02 Март, 2024
Црна маица и дуксер, без доцнење, остави помош колку можеш и испочитуавај го другарот кој прерано не напушти.
Со оваа порака навивачите „City Park Boys“, ги повикаа сите свои членови, но и сите љубители на спортот да го проследат утрешниот натпревар на Работнички во СРЦ Кале, каде како што пишуваат ќе бидат постави кутии за донации на двата влезови.
- Утре 03.03 во 19:30 нашиот Работнички ја пречекува екипата на Фмп во срц Кале. На овој натпревар ќе бидат поставени кутии за донации на двата влезови за помош на фамилијата на Андреј. Собирот ќе почне во 18:00 на Седек (позади центар за странски јазици) од каде ќе се упатиме кон салата на Кале.
Правилата за овој натпревар се следни:
-ЦРНА МАИЦА И ДУКСЕР
-не доцни на собир ниту пак во сала
-понеси со себе пари и остави во кутијата најмногу што можеш
-испочитувај го другарот на групата што прерано не напушти
За крај присуствувај на уште една победа на нашиот Работнички - пишува во нивниот пост на Фејсбук.
Навивачката група во неколку наврати објави за прераното заминување на младиот Андреј Грковски, кој почина на само 24 години.
Фото: Принсткрин/Фејсбук