„Цветчињата“ од Карпош и го честитаа роденденот на општината
Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2013 21:46
На цветното дефиле во разиграна атмосфера, младите карпошани заедно пееја, танцуваа и другаруваа на сцената. На оваа свечена манифестација присуствуваше градоначалникот Стевчо Јакимовски и општинските делегации од Нов Белград, Стари Град – Сараево, Травник и Сремски Карловци, кои се збратимени општини со локалната самоуправа од Карпош.
Во оваа пригода, првиот човек на Општината изјави дека се чувствува прекрасно, бидејќи се наоѓа помеѓу младите ведри лица.
„Кога ве гледам заедно, навистина сум горд што сум градоначалник на Карпош. Оваа глетка ни дава уште поголем поттик да продолжиме во насоката во која се движиме. Да ги модернизираме училиштата и градинките, да организираме повеќе културни манифестации, да ги наградуваме талентираните ученици и спортисти и да им помогнеме на вашите родители. Вашата задача е да играте, пеете, да бидете среќни и да се смеете. За сé останато, ќе се погрижат вашите родители и Општината Карпош“, посочи Јакимовски.
Можеби ќе ве интересира
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА




