Д-р. Костов и д-р, Стевановиќ: Дебелината или обезитас, најсериозен коморбидитет и главна причина за смртност кај младите од ковид
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2020
Во неколку
наврати до сега лекарите предупредуваат на коморбидитетите кај граѓаните, кои
доколку се заразат со корона вирусот, се лекуваат многу подолго, а најголем
процент од нив завршуваат фатално, односно со смртни последици.
Освен дијабетот, хорничните срцеви заболувања, хроничните белодробни заболувања, астма и ХОББ, болестите на бубрезите, лекарите како еден од најсериозните коморбидитети ја посочуваат прекумерната тежина или обезитас. И во текот на вчерашниот ден, директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р. Милена Стевановиќ рече дека, најголемиот број од младите починати се токму поради таа здравствена состојба.
Неодамна во разговор за Фактор, д-р. Стевановиќ рече дека дебелите луѓе едноставно не може да имаат здраво срце, здрави бели дробови, здрави вени и артерии, и токму поради тоа многу потешко се изборуваат со болеста или воопшто и не може да го победат Ковид-19.
-Исхраната е крајно лоша, а сето тоа си го зема својот данок. Еден од главните фактори за смртност, независно од возраста на пациентите, е дебелината. На Инфективната клиника е хоспитализирано 12-годишно дете со прекумерна тежина и е во навистина сериозна состојба. Сакам да речам дека, луѓето со прекумерна тежина не може да имаат здраво срце, не може да имаат здрави крвни садови, и во тој случај организмот не може да се бори со многу болести, па еве сега и со корона вирусот, посочи д-р. Стевановиќ.
Истовремено и директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р. Христијан Костов неколку пати досега има кажано дека во таа здравствена установа, која до септември беше главниот ковид-центар во земјава, најголемиот број од младите починати пациенти беа или со даунов синдром или со прекумерна тежина.
-Неколку пациенти на возраст од 35, 36 години кои боледуваа од ковид, а кои за жал не успеавме да ги спасиме, имаа прекумерна тежина. Тоа е навистина сериозна здравствена состојба, во која организмот не може да се избори со корона вирусот, вели д-р. Костов.
А.Б.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.