27 Септември, 2023
0.0292

„Да ги слушнеме и гушнеме“ – кампања на Халкбанк која потсетува на вистинските вредности во животот

Објавено во: Мои пари 22 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Кога последен пат сме ги посетиле родителите, бабата и дедото? Кога последен пат сме ги прашале како се, сме ги гушнале или сме им кажале дека ги сакаме? Кога последен пат сме ги прашале дали им треба некаква помош? Кога сме ги прашале за совет? Или, пак, на наша иницијатива, сме направиле некаков убав гест за да се чувствуваат вредни и горди за нивните животни достигнувања?

Семејството е главниот столб во општеството. Нашиот живот почнува со семејството, како растеме и се развиваме тоа е секогаш до нас, грижејќи се и бодрејќи нé за сите наши избори, успеси, но истоејќи блиску до нас при сите наши падови.

Родителите заедно со бабите и дедовците постојано се трудат да го подобрат квалитетот на живот на децата и на младите. Да овозможат школување, патувања, едукации, да помогнат во развојот во градењето на одговорна индивидуа со вистински вредности, верувања, емпатија, хуманост. Семејството е она парче од сложувалката наречена живот, без чии што дел таа не би била целосна.

Возрасните лица се вистинскиот пример за безусловна љубов, за поттик, за доверба. Но, младите луѓе најчесто поради брзиот, динамичен живот што го водат неретко забораваат дека нивните родители, нивните баби и дедовци имаат потреба од грижа, од убав разговор и најважно, од поминување убави заеднички мигови што ќе им го исполнат срцето. Сè што бараат е мало внимание, мало потсетување за нивното значење за семејството кое го создавале и граделе со години. Време е да им посветиме малку повеќе внимание на бабите и дедовците, на нашите возрасни родители што нé израснале. Благодарение на нивната љубов ние сме тоа што сме денеска, изградени и емпатични индивидуи на кои што семејството им е главниот приоритет.

Токму затоа, Халкбанк како општествено одговорна компанија за која како што кажува и самиот слоган - Важни се луѓето, постојано покренува иницијативи и организира акции за подигање на свеста за потребата од позитивна промена во заедницата. Еден таков пример еи  кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, наменета за повозрасните лица.

Во рамките на кампањата која што има за цел да ја подигне свеста за вредноста и искуството кое го имаат повозрасните генерации и поттикнување на нивно ширење и споделување со помладите генерации со цел негување на вистинските вредности, Банката во периодот што следува ќе спроведе различни активности кои што ќе бидат детално разработени и објавени на официјалната веб страница на овој проект: www.dagislushnemeigushneme.mk. На тој начинБанката ќе испрати силна порака, заеднички, да им ги стоплиме срцата и душите на повозрасните генерации, почесто да ги гледаме, да ги слушнеме и гушнеме, затоа што љубовта од родителите, бабите и дедовците кон децата и внуците, е една од најсилните и моќен двигател и во убавите и во помалку убавите животни околности. 

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Кожувчанка ДОО – партнер за развој на стручен кадар во нашата држава!

Кожувчанка ДОО – партнер за развој на стручен кадар во нашата држава!

Xiaomi го лансира серијалот Xiaomi 13T

Xiaomi го лансира серијалот Xiaomi 13T

МТЕЛ ја продолжува поддршката за македонскиот спорт, потпишан договор за спонзорство со КК МЗТ Скопје

МТЕЛ ја продолжува поддршката за македонскиот спорт, потпишан договор за спонзорство со КК МЗТ Скопје

Комплетна комбинација на Concentrix и Webhelp, создавајќи диверзифициран глобален CX лидер, добро позициониран за раст

Комплетна комбинација на Concentrix и Webhelp, создавајќи диверзифициран глобален CX лидер, добро позициониран за раст

Државна лотарија е гарант на одговорно и контролирано приредување на игри на среќа

Државна лотарија е гарант на одговорно и контролирано приредување на игри на среќа

Со поддршката од Клиника Жан Митрев, Шаховскиот клуб „Скопје 72“ се натпреварува на Светското шаховско првенство за ветерани

Со поддршката од Клиника Жан Митрев, Шаховскиот клуб „Скопје 72“ се натпреварува на Светското шаховско првенство за ветерани

ИНСТАНТ ЛОЗОТ „7 Х 7“ ЌЕ МУ ЈА ПОДНОВИ ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА НА ПЕНЗИОНЕРОТ МИЛЕ ОД КУМАНОВО

ИНСТАНТ ЛОЗОТ „7 Х 7“ ЌЕ МУ ЈА ПОДНОВИ ВОЗАЧКАТА ДОЗВОЛА НА ПЕНЗИОНЕРОТ МИЛЕ ОД КУМАНОВО

Конференција „Вмрежување на Инграм и Вендорите #2“: Обединување на над 100 ИТ-експерти за оформување на иднината на компјутерските системи

Конференција „Вмрежување на Инграм и Вендорите #2“: Обединување на над 100 ИТ-експерти за оформување на иднината на компјутерските системи

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ