ДАЛИ ЌЕ ОДИ КАЈ КИМ: Трамп тргнува во посета на Азија
Објавено во: Свет 29 Септември, 2017
Американскиот претседател, Доналд Трамп ќе ги посети Јапонија, Јужна Кореја, Кина, Виетнам и Филипините како дел од азиската турнеја која ќе трае од 3 до 14 ноември.
Тој ќе присуствува на регионални самити и ќе разговара за трговските односи и за севернокорејската нуклеарна закана, информираат од Белата куќа.
Ангажманот на Трамп ќе биде да ја зајакне поддршката против севернокорејската закана, и денуклеаризација на Корејскиот полуостров.