Демонстранти ја урнаа оградата околу темелот на крстот во Бутел
Објавено во: Македонија 03 Март, 2016
Тие на новинарските екипи им забрануваат да се доближат до местото, а на протестот се присутни и малолетници кои држат говори на албански јазик. Велат не сакаат Скопје да биде како Бејрут, туку како Брисел. Претходно на оваа локација се обрати градоначалникот на Чаир, Изет Меџити кој кажа дека протестот е резултат на верската поделба која се провоцира со поставувањето на крстот. Според Меџити на крстовите и минарињата, местото им е во верските објекти, а не на сред улица. Најверојатно дел од демонстрантите ноќта ќе ја поминат во Бутел.
Неколку дена пред почетокот на изградбата на крстот кој треба да биде висок 55 метри, во населбата Топанско Поле во Скопје беше поставен споменик на двоглав орел.