Дескоска вели дека личен стил е како Рускоска ќе се изрази

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2019 11:46
Министерката за правда, Рената Дескоска, смета дека фамозната СМС-порака на обвинителката Вилма Рускоска која ја испрати вчера до еден од членовите на Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје е суштински јасна, без разлика во каков стил е напишана. Обвинителката која го води случајот „Рекет“ му се закани на еден член дека „ќе биде истресен од гаќи со финансиска истрага“ доколку се утврди дека без основа ја пуштил поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, во куќен притвор.
- Од позиција на министер за правда не смеам да коментирам судски одлуки, ниту пак изјави на обвинители, но генерално сите гледате што се случува изминатиот период во судството и обвинителството. Мислам дека и тие се свесни дека и кај нив треба да се случат реформи, додека за начинот на тоа како ќе се изрази е прашање на личен вкус, рече Дескоска денеска пред новинарите.
Министерката рече дека најавениот ветинг во правосудството ќе биде организиран од мешовита комисија, а не од извршната власт и дека со тоа нема да има упад во независноста.
- Не треба да има стравување ниту кај чесните судии ниту кај чесните обвинители дека би имало злоупотреба во процесот на ветинг. Вече има меѓународни примери како се спроведува ветингот и тоа е нешто што не го спроведува извршната власт туку мешобита комисија на експертско ниво во која што во многу земји учествуваат и меѓународни претставници. Веќе созрева мислењето во Владата и во државата дека мора да се направат чекори за побрзо прочистување на судството од неквалитетни и непрофесионални судии и обвинители, додаде таа.
Можеби ќе ве интересира
„ВИСТИНАТА Е КАКО ШИЛО, ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НА ПОВРШИНА“: Поранешната прва антикорупционерка вели дека многу и е тешко

Премиерот живее во близина, а не гледа: „Дива“ улица излегува директно на пешачки премин
Уапсен 19-годишен насилник од Кисела Вода, нападнал граѓани со бехатон плочки

ЛЕВИЦА: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

„НИТУ ЕДЕН БИЗНИСМЕН НЕ СЕ ОДЗВАЛ НА ПОКАНАТА ДА УЧЕСТВУВА НА АУКЦИЈАТА НА 26 АПРИЛ“: Се потешко оди собирањето средства за настраданите и повредените од Кочани

НИТ СЕ ЈАВИЛА ВРЕСКАЈЌИ, НИТ ИСЧЕЗНАЛА: „Веста дека сум исчезнала е лажна!“, се огласи Симона

СЕЛЕКТИРАЊЕ НА ОТПАД: Чекор за заштита на природата, но и можност нешто да се заработи

„ДКСК БЕШЕ СИНОНИМ ЗА НАДЕЖ, ИНТЕГРИТЕТ, СВЕТЛА ТОЧКА И ОСТРОВ НА ИНТЕГРИТЕТ“: Никола Димитров за претседателката на антикорупциска

ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА ВАКВИТЕ ВРЕМЕНСКИ ПРИЛИКИ: Станува збор за плитка фронтална долина
