ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МУЗЕЈОТ НА УЧК ВО СОПОТ: Никој не се обратил до Општина Куманово за да побара било каква дозвола
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2023
Од кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски никој не побарал дозвола за изградба на музејот на УЧК во селото Сопот.
Тој вели дека не е изненаден од пораките кои ги упати претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Градоначалникот вели дека ДУИ покажуваат екстремно самовластие како партија која повеќе од 20 години е на власт и секогаш во предизборието, игра на национална карта.
„Дали е отворен музеј или спомен обележје, секогаш си има строга постапка дефинирана според закон, како се отвора такво нешто. Во моментов немам никаква информација, ниту некој се обратил до Општина Куманово за да побара било каква дозвола“, вели Димитриевски за Локално.
Ахмети на отворањето на музејот на УЧК во Сопот, Ахмети порача дека „Албанците се господари во Македонија“.
Ахмети пред два дена од кумановското село Сопот порача дека благодарение на прагматизмот што го избрале денес, албанскиот јазик и албанското знаме се официјални и неприкосновени во оваа земја.
Тој рече дека Албанците никому не му должат да останат затрупани и изолирани надвор од Европа. Во минатото во селото Сопот имало одреден број Македонци, но по конфликтот во 2001 година, целото е населено со албанско население.
Музеј на УЧК има и во липковското село Слупчане.
фото Фејсбук/Максим Димитриевски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.