Добивај вести на Viber
Доволно долго ти го криев срамот Данела! Поради нефункионирање на Град Скопје и нередовно подигање на комунален отпад од општина Шуто Оризари, граѓаните на општината се принудени својот отпад да го истураат на улица и со тоа да се ствараат диви депонии во населбата, обвинува градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.
„По протестот на граѓаните со поддршка на општината со кој се искажа револтот на граѓаните за нефунционирањето на ЈСП, како знак на "реваншизам" сите инспектори на Градот Скопје се во општина Шуто Оризари и ги следат нашите комунални активности и работници кои ја вршат работата на Градот во ситуација кога општината е заборавена од Данела.
За да излеземе во пресрет на нашите граѓани, а во насока на продолжување на нашата работа во одржување на чиста средина од денес ќе поставиме големи контејнери на сите критични точки во општината, во кои граѓаните ќе може да го одлагаат својот отпад доколку не се опслужени од Градот, а службите на Градот Скопје како надлежни ќе мора редовно да ги одржуваат и одлагаат.
Ги замолуваме сите граѓани кои се соочуваат со проблем од областа на редовен комунален сервис од Град Скопје да предложат локации за поставување на контејнерите.
Контејнерите се добиени во рамки на аплициран и добиен проект на општината од Министерство за животна средина.“ напиша тој на фејсбук.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.