„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2024
Почнувајќи од 29 Ноември сега, па во првата декада од Декември следува период на многу постудено време со чести врнежи, кои накратко ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините,а потоа и во пониските места ќе преминат во снег, на картата можете да ја погледнете очекуваната снежна покривка во Македонија според Европскиот модел (ECMWF), вели метеорологот Славчо Попоски. Таквото време според него, би се задржало се до 10 Декември.
„Се очекува насекаде формирање на снежна покривка, понекаде и со висина од над 30/40 cм, а локално и од 50 до 80 cм, на високите и Скијачките места и до 100 cм снег. НАПОМЕНА: Понатаму следува ново ажурирање на овој модел, па така во следните ажурирања ќе биде се појасно што точно ќе се случува на почетокот на Декември“, вели тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.