До крајот на август Македонците нема да можат да патуваат во Шведска
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Јули, 2020 18:19
До 31 август македонските државјани нема да може да патуваат во Шведска.
Владата на Шведска ги продолжи ограничувањата за патувања во земјата до 31 август.
Одлуката се носи на препорака на Европскиот совет.
„Забраната за влез нема да се однесува на новите жители и студентите кои допрва треба да се преселат во земјата“, информираа од владата.
Оваа мерка беше воведена во март за да се спречи ширењето на коронавирусот и исклучок од сегашната одлука ќе бидат истите 14 „безбедни“ држави кои се најдоа на последната листа на Европската Унија: Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.
Македонците можат слободно да патуваат во Србија, Албанија, Косово и Турција.Во ЕУ засега се затворени вратите за нашите државјани.
Во Македонија бројката на починати од коронавирусот се искачи над 300.
Само за 24 часа има 15 починати во земјава од Ковид -19.
За ова одлука ќе има утре.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




