05 Јули, 2024
0.0458

Добивка од 232 милиони денари и одлични деловни перформанси за 150-годишниот јубилеј на групацијата сосиете женерал

Објавено во: Економија 23 Април, 2015

Добивај вести на Viber

На 21 април во Скопје се одржа Годишното собрание на акционери на Охридска банка.

Акционерите ги потврдија резултатите на Банката за 2014 година и ги усвоија финансиските извештаи за годината.

Закрепнувањето на домашната економија имаше позитивно влијание врз растот на активностите во банкарството. Охридска банка го приспособи работењето на условите на пазарот и опкружувањето, ставајќи ги клиентите во центарот на вниманието. Во 2014 година, Банката објави нето-добивка од 232 милиони денари, што е 51,3% повеќе од резултатот во 2013 година.

 Во годината во која Групацијата Сосиете Женерал го прослави 150-годишиот јубилеј од формирањето на банката, Охридска банка постигна рекордни остварувања во согласност со поставените стратешки цели, забележа пораст на бизнисот и ја одржа активната поддршка на клиентите. Притоа постигна:

  • Континуиран, долгорочен позитивен тренд каде што:

o    Кредитите се зголемија за 11,7%

o    Средствата се зголемија за 13,3%

  • Подобрен коефициент на трошоци на 60,1%;
  • Поволно ниво на нето-чинењето на ризикот, со вклучен позитивен ефект врз нивото на резервации и постигнатиот резултат на позначајна наплата во овој период.

Порастот на перформансите и на профитабилноста е значаен за Охридска банка, но исто така претставува значаен поттик за порастот на банкарскиот сектор во Р. Македонија. Кредитите пораснаа над просекот за секторот, на тој начин придонесувајќи со 9,2% во растот на банкарскиот сектор.

Билансот на состојба на Охридска банка со 31.12.2014 година изнесува 32 милијарди денари, што ѝ овозможи на Банката да ја потврди и да ја зајакне позицијата на четврта голема банка во Р. Македонија.

Кредитите од меѓународни финансиски институции значително се зголемија со 15,9% учество во вкупните извори на средства, што придонесува за понатамошна диверзификација на структурата на изворите на Банката.

2014 година означува година на позитивен придонес на сите елементи на Билансот на успех на Банката, со цел солиден и подобрен нето-резултат, што се должи на:

  • Засилените комерцијални активности;
  • Заштеди во оперативните трошоци и на целокупните трошоци под засилена контрола;
  • Позитивни ефекти од нето-чинењето на ризик, квалитетот на кредитното портфолио и одличната наплата;
  • Намален правен ризик и
  • Позитивна капитална добивка.

„Во 2014 – годината на јубилејот на Групацијата, Охридска банка го постигна најдобриот резултат досега, со значаен раст на комерцијалните производи и значително подобри квалитативни показатели за работењето. Со поголемиот дел од 2015 година пред нас, можам да потврдам дека Банката останува посветена на остварувањето на своите стратешки цели – постигнување одржлив и профитабилен раст со освојување на дополнително пазарно учество во пазарните сегменти кои се сметаат за најквалитетни и најмалку ризични. Сигурна сум дека следејќи ги овие цели, Охридска банка, Сосиете Женерал ќе продолжи да биде репер за успешна банка во Македонија“ – подвлече Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

ВО МАКЕДОНИЈА ИМАМЕ ПОВЕЌЕ НЕВРАБОТЕНИ ОТКОЛКУ ВО ХРВАТСКА - во „морската“ држава сѐ повеќе се бараат работници

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?