08 Ноември, 2024
0.0295

„ДОКАЗИТЕ СЕ ДОСТА ОБЕМНИ“: Тошковски најави нови апсења благодарение на апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Засилена борба и нови обвиненија против организиран криминал и корупција најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во телевизиско интервју. Тој укажа дека преку имаат добиено голем број докази поврзани со организиран криминал и корупција преку апликацијата SKY која ја користеле криминалните групи и нивните доушници за меѓусебна комуникација.

- Ќе следат постапки и во иднина, коишто ќе бидат насочени кон сите оние кои сториле криминал, а за кои има докази во рамки на предметната апликација. Моите информации се дека доказите се доста обемни. Се работи континуирано и посветено на овој предмет, и од страна на Јавното обвинителство и од страна на МВР, така да очекувам и други постапки во иднина, се со цел оние коишто печалеле незаконито на грбот на македонските граѓани, отидат таму кај што им е местото - потенцираше министерот Тошковски.

Тој изрази сомнеж во фактот што голем број полициски акции кои порано се реализирале често завршувале со неуспех да се обезбедат водачите на тие кланови и банди, а зад решетки завршувале условно „поситните риби“.

- Ќе направам паралела со две акции коишто беа спроведени овој месец со таа акција која беше спроведена на крај на мандатот на мојот претходник. Тогаш беа уапсени ако имало план за апсење на 10 луѓе беа уапсени од број 5, 6 па надоле. Овие првите, лидерите, не беа уапсени и информациите се дека тие не се ни на територијата на Македонија. 

Така се правеле акциите порано, не дека не можело да се случи такво нешто, но сомнително е малку зошто баш првите по ранг во криминалните групи или ги снемуваше или случајно се наоѓале во рамки на друга држава за време на акцијата. 

Двете акции коишто ги спроведовме во рамките на овој месец, првата беше фокусирана на најголем дел цариници во југоисточна Македонија каде што беа уапсени сите претходно таргетирани луѓе, сите за кои Обвинителството ќе води итна постапка. 

Истото се случи и со втората акција поврзана со трговија со дрога, луѓе итн., во западна Македонија. Овие две акции се спроведоа во една недела. Кога имате координирани акции, кога нема да „протечат“ одредени информации до оние кои се предмет на самата истрага, тие нема да се најдат токму во тој момент на апсењето во друга држава, туку ќе се најдат како што се најдоа, зад решетки. 

Тоа е разликата како претходно биле спроведувани акциите, а ако сега се спроведуваат. Не дека и сега не би можело да се случи нешто такво, но претходно во континуитет им се случуваше. Во овие две обемни акции коишто ги направивме, сите оние коишто беа предмет на истрагата, беа пронајдени, соодветно лишени од слобода и процесуирани пред органите на прогонот - дециден беше министерот Тошковски.

Тошковски нагласи дека МВР во иднина ќе ги презема сите можни чекори во рамките на своите надлежности, за секој еден за којшто е издадена соодветна наредба од страна на надлежни институции да се најде таму каде што му е местото. 

Можеби ќе ве интересира

Почина Тахир Хани, функционерот на ДУИ

Почина Тахир Хани, функционерот на ДУИ

ЗA ТЕБЕ ШИПО КУРШУМ ВО ГЛАВА: Вицепремиерот Фетаи пријави закана преку мејл

ЗA ТЕБЕ ШИПО КУРШУМ ВО ГЛАВА: Вицепремиерот Фетаи пријави закана преку мејл

КУНОВСКА РАСПАЛИ ЗА СДСМ: Евентуални парламентарни избори заедно со локалните ќе го докрајчат и тоа малку што е останато

КУНОВСКА РАСПАЛИ ЗА СДСМ: Евентуални парламентарни избори заедно со локалните ќе го докрајчат и тоа малку што е останато

ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ОСТАНА БЕЗ ВРВНА ПРОФЕСОРКА: Почина д-р Наде Проева, предаваше предмети поврзани со античка историја

ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ОСТАНА БЕЗ ВРВНА ПРОФЕСОРКА: Почина д-р Наде Проева, предаваше предмети поврзани со античка историја

ЕВЕ КОГА ПОЧНУВА СО РАБОТА „СЕЈФ СИТИ“: Возачите да се подготват, никој нема да биде поштеден

ЕВЕ КОГА ПОЧНУВА СО РАБОТА „СЕЈФ СИТИ“: Возачите да се подготват, никој нема да биде поштеден

„ЖИВЕЕМЕ ВО ВРЕМЕ НА НОВА ЕПИДЕМИЈА“: Проблемот со незаразните болести бара итни промени

„ЖИВЕЕМЕ ВО ВРЕМЕ НА НОВА ЕПИДЕМИЈА“: Проблемот со незаразните болести бара итни промени

НЕ ОЧЕКУВА СОСЕМА ПОИНАКВА ЗИМА: Можно е да го почувствуваме студот од деведесетите години, ќе има многу снегови, снежни невремиња и есктремни ниски температури

НЕ ОЧЕКУВА СОСЕМА ПОИНАКВА ЗИМА: Можно е да го почувствуваме студот од деведесетите години, ќе има многу снегови, снежни невремиња и есктремни ниски температури

Мисајловски верува дека Мицкоски бил следен од дронови

Мисајловски верува дека Мицкоски бил следен од дронови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски со оптимистични пораки од Будимпешта, Кос очекува Македонија да направи уставни измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски со оптимистични пораки од Будимпешта, Кос очекува Македонија да направи уставни измени