ЕВЕ КОГА ПОЧНУВА СО РАБОТА „СЕЈФ СИТИ“: Возачите да се подготват, никој нема да биде поштеден
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2024
„Сејф сити“ почнува со работа од почетокот на наредната година, најавуваат од Министерството за внатрешни работи, пишува Телма.
Тоа значи дека возачите за сообраќајните прекршоци веќе ќе почнат да добиваат казни.
Идејата на овој проект е да се воведе ред во сообраќајот и да се зголеми безбедноста.
Со цел имплементација на проектот „Сејф сити“, надлежните најавуваат законски измени за да се овозможи автоматско казнување. Целиот проект ќе биде имплементиран до крајот на 2025 година.
Идејата е камерата да го евидентира прекршокот, а казна да биде изречена без можност за нејзино укинување преку ургенции. Во јуни камерите направија тест снимање, кога евидентираа неверојатни 5.000 прекршоци.