ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ОСТАНА БЕЗ ВРВНА ПРОФЕСОРКА: Почина д-р Наде Проева, предаваше предмети поврзани со античка историја
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2024
На 6 ноември 2024 година почина проф д-р Наде Проева, редовен професор на Институтот за Историја на Филозофскиот факултет во пензија. Професорката Проева долги години предаваше предмети поврзани со античката историја, објави Филозофскиот факултет.
„Таа остави забележителна трага во македонската историографија, истражувајќи и објавувајќи студии поврзани со историјата на античка Македонија. Во рамките на својата богата и плодна кариера настапувала на меѓународни научни собири во Македонија, Франција, Канада, Србија Бугарија, Хрватска, Естонија, Русија, Романија, Италија, Полска, а држела предавања во Хрватска, Словенија, Франција, Холандија. Професорката Проева била на студиски престои во: Полска, како и на Француска археолошка школа во Грција, францускиот институт во Истанбул, Австриска академија на науките, Универзитетите во Нанси и во Nanter-Paris X. Заради својот научен ангажман и развивање на научни врски со Франција, добитник е на орденот Chavalier de palmes academiques од француската влада. Нека и е вечна слава!“, се вели во објавата на социјалните мрежи.