ДОКТОРИТЕ НА ПРОТЕСТ: Кој е повредениот хирург во кој утрово беше пукано?
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2015
Љубомир Огненовиќ (41) е дежурниот доктор во кој утрово на скопските клиники беше пукано. Неговата здравствена состојба е добра и сега е во операциона сала во Клиничкиот центар.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/11/09/klinichki-tsentar-skopje-opkolen-od-politsija-pukano-vo-lekar/" target="blank" ]Клинички центар Скопје опколен од полиција: Пукано во лекар![/button]
Во моментов на третиот кат на абдоменалната хирургија во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ има присуство на голем број специјалци со калашникови и скршени стакла на сите страни.
Целиот настан се случил утринава околу 9 часот, кога син на почината жена пукал во пределот на нозете на хирургот.
Веднаш по инцидентот се приведени три лица на возраст од 30, 34 и 36 години сите од Скопје.
Пациентката, според пишувањата на дел од медиумите починала од срцева болест, а имала и излив во белите дробови, хронично воспаление на срцевата обвивка, застој во работата на десниот бубрег, течност во абдоменот, акутно воспаление на жолтото кесе, наголемување на јазлите во абдоменот.
Од Здравството го осудија овој инцидент и побараа брза интервенција и расчистување на случајот, а голем број на доктори најавија дека ќе излезат на протест бидејќи не се чуствувале доволно заштитени и безбедни.