Добивај вести на Viber
Најтргувана валута во светот и понатаму е доларот, покажува истражувањето на Банката за меѓународни порамнувања.
По доларот, втора, најмногу тргувана валута е еврото, меѓутоа нејзиното учество во вкупниот број на трансакции за три години од април 2010 година, падна за шест процентни поени, на 33 отсто.
Кинеската валута оваа година за прв пат се најде меѓу првите десет најтргувани меѓународни валути. Оваа година, прометот на кинеската валута достигна просек од 120 милијарди долари на ден, во 2010 тргувањето се сведуваше на 34 милијарди долари на ден.
За прв пат годинава и мексиканскиот пезос се најде меѓу десетте најтргувани валути.