06 Октомври, 2024
0.0348

ДОМАШНАТА БИЗНИС ЗАЕДНИЦА ПОРАЧУВА: Ние го полниме буџетот, а владата им го раздава на странците!

Објавено во: Економија 08 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Серија на даночни и царински ослободувања, субвенции за вработени, парична поддршка за изградба на фабрики, ова се дел од поволностите што ги добиваат странските инвеститори во земјава. Владината политика за привлекување странски инвестиции почна во 2007 година. Што добивме од странските инвеститори, колку не чинат инвеститорите од странство? Според расположливите податоци ,за изградба на слободните економски зони за пет години вклучувајќи и ја и оваа 2015-та, Владата потрошила 40 милиони евра. И натаму институционална тајна останува колкава е сумата во вид на субвенции што ја добиваат странските инвеститори. Клучниот аргумент на Владата за политиките за привлекување инвестиции е дека влијаат врз зголемување на извозот, намалување на невработеноста, и врз учеството во бруто-домашниот производ. Од друга страна домашните бизнисмени се чувствуваат дискриминирани во однос на странските инвеститори.  Субенциите за македонските инвеститори не мора да бидат со парични средства, туку прво треба да се  создадат околности каде бизнисмените ќе се чувствуваат сигурни од државните органи а потоа истите многу повеќе ќе бидат ефикасни и конкурентни во меѓународниот пазар, вели во кусо иннтервју за Фактор, претседателот на Стопанската комора на Северо-западна Македонија, Неби Хоџа. Фактор: Странските инвеститори што инвестираат во Македонија добиваат низа даночни, царински  комунални ослободувања, ослободување од плаќање ДДВ, ослободување од плаќање данок на добивка, ослободување од плаќање персонален данок на доход во период државна помош. Дали овие владини политика ги дадоа очекуваните резултати? Хоџа: Од горенаведените ослободувања, субвенции или поволности за странските инвеститиори ние како земја добиваме само големи трошоци за нивното доаѓање, додека пак за возврат добиваме вработувања со ниски плата. Ако гледаме низ бројки, тоа изгледа добро бидјеќи имаме покривање на увозот со извоз од 70 % во првото полугодије, но од тој износ  странските компании кои ја менуваат  и струтурата и волумот на извозот во нашата земја, ги оставаат само платите, и тоа ниските плати на вработeните и воедно ја оптоваруваат буџетската каса бидејќи за тие вработени државата плаќа даноци и придонеси и слично. Стопанската комора на Северо-Западна Македонија има став дека овие политики не се ефективни за економскиот развој на земјата и секако дека не ги дадоа очекуваните резултати. Од тоа што се промовираше ние многу малку добивме, додека пак потрошивме огромни државни  пари за роуд шоуа или за рекламирање во странските магазини како  Forbs и слично. Фактор: Од друга страна сте вие домашните инвеститори, дел од бизнисмените реагираат на повластениот третман што го добиваат странските инвеститори. Се чувствувате ли дискриминирани во однос на условите кои како домашни инвеститори ги добивате за инвестиции во матичната земја? Хоџа: Секако дека ние имаме потреба од странски директни инвестиции, бидејќи сме мала економија. Тие ни се потребни затоа што, од нив увезуваме технологија, капитал , знаење, но не да ги субвенционираме со милионски суми  и тоа со парите на народот и домашната бизнис заедница за да ги спасиме од фијаско. Ние како Стопанска комора на Северо-Западна Македонија но и другите комори сме ја истакнале и претходно оваа дискриминација на домашниот бизнис, кој пак во овие околности, е најголем работодавач, бил и е столбот на економијата и истиот треба да се субвенционира. Субвенциите не мора да бидат со парични средства, туку прво треба да се  создадат околности каде тие ќе се чувствуваат сигурни од државните органи, а потоа истите многу повеќе ќе бидат ефикасни и конкурентни во меѓународниот пазар. Фактор: Деновиве во интервју за белгискиот магазин Тренд, првиот човек на компанијата за автобуси “Ван Хол”Филип Ван Хул,  која е еден од инвеститорите во земјава, вели дека ниските трошоци и плати биле клучната причина за инвестирање во Македонија, но и за спас на фирмата, а дополнително обелоденува дека од македонската Влада добиле 17 милиони евра субвенции. Колку ваквата промоција на Македонија е од полза или не за нашатра економија? Хоџа: За жал ние се промовираме на странскиот пазар само со ефтина работна сила која ни донесува инвестиции во кои вработените се плаќаат скоро на ниво на минимална плата. Овој пристап не помага на зголемување на животниот стандард на граѓаните, туку само ja намалуваме невработеноста во бројки, но дали се поставува прашањето како тие вработени ќе преживеат кога потрошувачката кошничка е на многу повисоко ниво,  нема да кажам над 500 туку најмалку 400 евра. Во вториот дел на прашањето дека Македонија била спас за фирмата, не можам да коментирам многу бидејќи е очигледно дека Владата не носи многу квалитетни инвеститори или пак не може да привлече инвестиции само со мерките за слободните економски зони туку и дава субвенции од буџетската каса што ние како бизнис заедница во најголем дел ја пополнуваме за да ги спасиме другите странски фирми.  Уште поважно е тоа што еден голем постулат на демократиjата е прекршен е тоа е транспарентноста, Владата друго промовира пред медиумите, а всушност друго работи. Фактор: Во интервјутото директорот на компанијата Ван Хул, отворено изјавуав дека во Белгија платата на работниците е 40 евра за час, а кај нас 4 евра. Дали странските инвеститори го обезвреднуваат трудот на македонскиот работник? Хоџа: Не се сложувам со оваа изјава, бидејќи мислам дека плаќаат уште помлаку од 4 евра за час, затоа што истите не плаќаат даноци и придонеси за вработените, и мислам дека платата за час кај нас не е поголема од 2,5 евра. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

ЦЕНАТА НА НАФТАТА И НАТАМУ РАСТЕ, ДАЛИ НИ ДОАЃА НОВ ИНФЛАЦИСКИ БРАН: Што ќе донесе војната на Блискиот Исток?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?