Доналд Трамп раскажа како се чувствувал во болница
Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Октомври, 2020
Претседателот на САД, Доналд Трамп го даде првото телевизиско интервју откако на 1. октомври му е дијагностициран коронавирус.
Трамп се појави вчера вечер на Фокс Њуз, каде изјави дека се чувствува добро.
Тој повторно е тестиран и е негативен или речиси негативен. Додаде дека не знае кога му е следното тестирање.
На прашањето како се чувствувал во болница кажа дека бил уморен и дека ја немал енергијата која обично ја има.
„Сакаа да ме остават на надгледување, но јас сакав да си отидам уште првиот ден“, рече Трамп.
Вели дека мисли дека е многу важно тоа што рано дознал дека е заразен.
Претседателот на САД рече дека ова е многу заразна болест, и дека не знае каде се заразил.Трамп ги соопшти неговите планови за продолжување на кампањата за претседателските избори. Најпрвин денеска ќе се одржи настан во Белата куќа, а потоа ќе следи митинг во Флорида на 12 октомври.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.