ДОЖДОТ ИЗГАСНА ДЕЛ ОД ПОЖАРОТ ВО МАРИОВО - два „Ер трактори“ и полициските хеликоптери се неисправни

Објавено во: Македонија 07 Септември, 2024 19:57
Попладневните дождови помогнаа во гаснење на пожарот во Мариово кој е најголем и веќе со денови опстојува иако за негово гаснење се ангажирани голем број професионалци.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов информираше дека денеска на територијата на државата регистрирани се 13 пожари на отворено, од кои 9 се активни.
Според Ангелов попладневните дождови помогнаа во гаснењето на пожарот во прилепско Мариово, кој важи за најкомплициран, бидејќи според последните информации зафаќаше површина од околу 1.600 хектари, додека периметарот на огнената линија изнесуваше 110 километри.
- Рано утрово таму се упатени 100 припадници на армијата, 25 припадници на полициските специјалци „Тигри“, 30 вработени во „Национални шуми“, како и два тима од Дирекцијата за заштита и спасување со повеќе од 25 лица. На терен се и прилепските пожарникари, а помош има и од пожарните од околните градови - рече Ангелов.
Истакна дека во моментов функционален е само еден „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, додека другите два авиони на ДЗС, како и двата полициски хеликоптери се неисправни.
- Околу 10 часот во гаснењето на пожарот помогна и еден „Ер трактор“ на ДЗС. За жал, другите два се неисправни и не можат да летаат. Истото се случува и со двата полициски хеликоптера кои се неисправни, но оптимисти сме дека во текот на утрешниот ден големиот полициски хеликоптер ќе биде функционален и ќе можеме да го користиме во текот на утрешниот ден - рече Ангелов.
Поголеми пожари има и во Дервен, селото Смолане, Општина Долнени и во скопско Катланово. Пожарот кај Катланово е активен од вчера бидејќи тежок е теренот за гасење, но Ангелов вели дека нема закана и опасност да бидат загрозени куќи.
Можеби ќе ве интересира
ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА Е ВО ЧИКАГО: Нека овој наш најголем христијански празник ни донесе мир

(ГАЛЕРИЈА) ОБЈАВЕНА Е ВЕСТА ЗА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ: Еве каква беше атмосферата синоќа во Соборниот храм во Скопје

ДЕНЕСКА Е ВЕЛИГДЕН, ПОМЛАДИТЕ ОДАТ НА ГОСТИ КАЈ ПОСТАРИТЕ: Кои се другите обичаи?

НА ТРПЕЗАТА ИМА ТАЗЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Што да се направи со ланското јајце кое прво е вапцано?

„Секогаш вткаен во македонската музика“: почина Тоше Поп - Симонов, бројни колеги и пријатели се збогуваат со него

МАЛОЛЕТНИК БЕСНЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НИЗ ОХРИД - удрил неколку лица, завршил во автомобил и избегал

„Живееме за да одиме на гробишта, да си помуабетиме со нашите деца“ - трогателна атмосфера во Кочани

НОВА ТРАГЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ УЛИЦИ - тинејџер (19) загина во сообраќајна незгода, излетал со возилото од патот
