Дожд и невреме го зафати Скопје
Објавено во: Македонија 06 Јули, 2016
Дожд и невреме вечерва го зафати главниот град.
Дождот сепак не предизвика некои посериозни проблеми.
Утре ќе преовладува променливо облачно, ветровито и посвежо време. Претпладне ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец кој ќе биде повеќе изразен долж Повардарието. Највисоката температура на воздухот утре ќе се движи во интервалот од 25 до 33 степени, а УВ-индексот ќе има вредност 7.
Задутре времето ќе се стабилизира и ќе има повисоки температури.
Претходните денови невреме имаше во Скопје и Неготино.