ДУДА ЗА ДОЗВОЛАТА ОД БАЈДЕН ЗА УКРАИНА: Oва ќе биде одлучувачки момент во војната
Објавено во: Свет 18 Ноември, 2024
Одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, да дозволи Украина да користи оружје произведено од САД за да напаѓа длабоко во руска територија, веројатно ќе биде одлучувачки момент во војната меѓу двата соседи, вели полскиот претседател Анджеј Дуда, објави Ројтерс.
„Оваа одлука беше многу неопходна… Русија гледа дека Украина ужива силна поддршка и дека позицијата на Западот е непопустлива и одлучувачка“, изјави Дуда.
Тој неодамна изјави дека ќе биде голема грешка ако Русија задржи дел од територијата на Украина. Дуда праша зошто Русите заслужуваат туѓа територија.
foto EPA-EFE/Lukasz Gagulski