(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ОТИДЕ БЛИЗУ ЛИНИЈАТА НА ФРОНТОТ: Ги посети војниците кои го бранат Покровск
Објавено во: Свет 18 Ноември, 2024
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се појави на првата линија на фронтот.
Зеленски објави дека го посетил источниот град на линијата на фронтот на бојното поле – Покровск.
Тој ги посети војниците кои го бранат градот од руските сили, кој се наоѓа на околу 8 километри. Во пораката со видеото, Зеленски го опиша бојното поле во областа како „интензивно“.Zekensky is in Pokrovsk with Ukraine’s 25th Airborne pic.twitter.com/NmFqIf0HXm
— Illia Ponomarenko (@IAPonomarenko) November 18, 2024
„Непријателот добива одговор секој ден. Им благодариме на војниците за нивната храброст“, вели украинскиот претседател.
Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска изјави дека одлуката на американскиот претседател, Џо Бајден, да и дозволи на Украина да користи оружје произведено од САД за да напаѓа длабоко на руска територија, најверојатно ќе биде решавачки момент во војната.
Американските медиуми, повикувајќи се на извори, пренесуваат дека турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро ќе го претстави својот мировен план за ставање крај на руската војна против Украина.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски