ДУИ брифира, Владата е готова, СДСМ скептици?!
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2017
Дали ќе се договорат СДСМ и ДУИ? Судејќи по последните пораки од Мала Речица договорот е извесен, за јазикот нема преголеми разлики кои би спречиле договор за Влада. Но брифинзите од Бихаќка се поинакви. Нема поместување напред, ние им кажавме што не е прифатливо и сега чекаме, велат од СДСМ.
Ваквата реторика говори за омекнување на ставовите на ДУИ, или за промена на стратегијата. Според последните написи спорни биле неколку точки од делот на законот за јазици..
„Употребата на албанскиот јазик секако мора да биде согласно Уставот на Република Македонија . Тоа значи дека неговата проширена употреба мора да биде согласно одредбите поместени таму. Помал проблем е да се постигне компромис во оние средини каде веќе има над 20% албанска популација“ велат аналитичари за Фактор.
ДУИ најави конечна одлука деновиве, за која ќе расправа централното претседателство. Очекувања се дека до договор за мандати би дошло најдоцна до крајот на неделава.