ДУИ на состанок во Мала Речица, ќе ги разгледуваат предлозите на СДСМ
Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2017
ДУИ вечерва е на состанок во Мала Речица.
Ќе ги разгледуваат предлозите на СДСМ за нова влада.
Лидерот на партијата Али Ахмети, потпретседателите и членовите на раководството на ДУИ одржуваат состанок во Мала Речица за да се разговараат за одговорите добиени од понудата што ја добиле од СДСМ.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи изјави дека претседателството во следните денови ќе донесе одлука.
Раководството на ДУИ ќе ги разгледува забелешките на СДСМ во врска со нацрт законот за употреба на јазиците.