21 Мај, 2024
0.2166

ДВА БРАЧНИ ПАРА ГО КАМЕНУВАЛЕ МАКЕДОНСКИОТ КЛУБ: Мажите работат во комуналното, градоначалникот постави услов за да ги казни

Објавено во: Македонија 08 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Македонскиот клуб во Благоевград го каменувале два брачни пара. Двајцата мажи кои полицијата ги приведе поради каменувањето на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ викендов, се вработени во општинското комунално претпријатие „Озеленување“. 

Двете жени кои се уапсени за инцидентот заедно со нив се нивните сопруги, објави „24 Часа“. Приведените, кои се на возраст од околу 40 години и кои немаат претходно криминално досие, го признале делото. Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов вели дека санкционирање на извршителите на делото е во надлежност на Судот, а тој како работодавач може да преземе мерки кон двајцата вработени во комуналното претпријатие само во согласност со Кодексот за работни односи. Градоначалникот условува и бара реципроцитет. 

„Тоа значи дека ќе ги казнам оние кои се вработени во Општина Благоевград, со истата казна сo која што ќе бидат казнети цариниците, граничната полиција и другите функционери во Република Северна Македонија, што предизвика ментално и физичко насилство врз многу Бугари“, изјави Стојанов.

Инаку, градоначалникот и претходно го минимизираше демолирањето на клубот, велејќи дека тоа е една соба. Каменувањето се случи на 4 февруари, на денот кога се одбележува раѓањето на херојот Гоце Делчев. Бугарски државјани на граничниот премин Деве Баир направија инцидент, навредуваа полицајци, по што се приведени и добија забрана за влез во Македонија во наредните 3 години, а воедно треба да платат казна од 300 евра. 

фото МИА

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази