Две безживотни тела најдени во зграда во Аеродром
Објавено во: Македонија 28 Април, 2016
25 годишна девојка и 35 годишен маж се пронајдени вчера мртви во зграда во скопската населба Аеродром.
Страшна глетка затекнале станарите на улицата „Владимир Комаров“ бр. 14 . Девојката лежела мртва во станот, а 35- годишниот П.Т бил пронајден мртов на скалите.
Веднаш била повикана полиција. Прво го нашле безживотното тело на П.Т. Тој лежел на скалите во ходникот на зградата. Полицијата влегла во станот. Таму ја пронашле мртва и 25 годишната М.М. од Охрид.
Според првичните и се уште неофицијални информации, на нивните тела немало траги на насилство. Како што се дознава двете лица биле наркозависници па се претпоставува дека починале како последица од предозираност.
Тела се предадени на обдукција која треба да ги утврди точните причини за смртта.