Две лица загинаа по пад на хеликоптер, неизвесна состојбата на преживеаните
Објавено во: Свет 10 Август, 2018
Јапонски хеликоптер со 9 лица изгуби контакт со контролата за летање само еден час по полетувањето.
Медиумите јавуваат дека две лица починаа, едно лице е исчезнато, а не се знае состојбата на другите 6 лица.
Во хеликоптерот биле официјални лица од Управа за катастрофи и пет пожарникари, кои требале да проценат траса на пат, кој треба да биде отворен во недела.
Хеликоптерот Bel 412 EP полетал во 9:15 по локално време и требал да се врати во 10:45.
Истрагата е во тек.