17 Декември, 2025
0.0530

Џорџ Робертсон: Бидете амбициозни

Објавено во: Македонија 28 Април, 2018 09:17

Добивај вести на Viber

Поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, е лидерот на новоформираната неформална „Група Охрид“ за поддршка на Република Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ.

Робертсон, кој беше десеттиот генерален секретар на НАТО од 1999 до 2004 година, повеќепати ја имаше посетувано Македонија, особено за време на кризата во 2001 година. И беше еден од важните меѓународни дипломати кои помогнаа во решавањето на конфиктотт и постигнувањето на Охридскиот рамковен договор.

Лордот се согласува со неговиот наследник Јенс Столтенберг, кој веќе порача дека нема влез во НАТО без решен спор со Грција за името.

– Генералниот секретар на НАТО изнесе факт. Принципот на кој почива НАТО е дека нуту една одлука не се носи без конензус. Ако нема консензус вашата земја не може да се приклучи кон НАТО, тоа е суштински факт. Нема начин да се влезе во НАТО без да биде постигнат консензус - изјави Робертсон.

Тој вели дека на евентуалниот договор со Грција треба да сство.е гледа како на чин на патриотизам, а не на предавство.

- Вистинскиот патриотизам за вашата земја е да се направи она што е најдобро за идните генерации. Тоа значи да се отстранат препреките за напредок и раст. Вистински патриотски партии тука се оние кои веруваат во раст на економијата, во подобрување на односите со соседите, кои праваат компромиси за да се постигне баланс во економијата и во општеството, да се изгради општество заснова на вистински вредности. Тоа се слободата на говорот, слободни медиуми, владеење на правото, почитување на приватната сопственост. Тоа се вредности, кои ние на Западот ги почитуваме. Вистинските патриоти во оваа земја се оние кои гледаат долгорочно. Понекогаш мораме да ги турнеме екстремите настрана и да ги сместиме на задното седиште, да мислиме на младите, на идните генерации. Мојата последна посета како генерал секретар на НАТО беше во 2003 година, тогаш го посетив селото Теарце. Децата, кои таму не пречекаа не знаеја кои сме, имаше хеликоптери, ТВ камери. Тие беа живи, ако работите тргнеа во поинаква насока тие можеше да бидат мртви, ранети или да станат бегалци. Тогаш компромисите беа направени, екстремите беа замолчени, мирот беше постигнат и благодарение на тоа овие деца денес се возрасни личности - вели тој.

На почетокот од интервјуто вели дека многу работи се променети во Македонија од завршувањето на кризата во 2001-ва до денес.

– Разликата е како ноќ и ден. Во 2001 година имаше сериозна криза, прашање на живот и смрт. Земјата беше на работ на мошне крвав конфликт, кој можеше да се прошири, имаше голем број надворешни агенции кои реагираа и беше важно да се запре. Тоа беше многу проблематично време. Денес сум во модерен, европски град, со пријателски расположени луѓе, со кафулиња, продавници, што непречено работат. Сега ситуацијата е многу поинаква - смета Робертсон.












Можеби ќе ве интересира

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје