„Едукативен автобус“ за поголема сообраќајна култура на децата
Објавено во: Македонија 12 Април, 2016
Сообраќајно едукативниот проект „Едукативен автобус“ денеска ќе биде промовиран во основното училиште „Братство“ во општина Карпош.
Проектот го реализираат Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата заедно со Јавното претпријатие од Скопје и АМСМ.
Настанот ќе се одржи денеска во 11 часот во основното училиште „Братство“ општина Карпош (населба Тафталиџе 2) од каде ќе започне првото едукативно возење за учениците од оваа училиште.
Целта е децата да научат повеќе за нивните права и обврски при учество во сообраќајот.