Експлозија во Москва: Убиен руски генерал - обвинет за употреба на хемиско оружје во Украина и неговиот помошник (ВИДЕО)
Објавено во: Свет 17 Декември, 2024
Началникот на руските трупи за радијациска, хемиска и биолошка заштита, генерал-потполковник Игор Кирилов е меѓу загинатите во експлозијата што се случи рано денеска во Москва. Покрај него животот го загуби и неговиот помошник. Причина за експлозијата е активирање на експлозивна направа поставена во електричен скутер, соопшти Истражниот комитет на Русија.
„Според истрагата, утринава на Рјазански проспект во Москва, активирана е експлозивна направа поставена во електричен скутер оставен на влезот во станбена зграда. Во експлозијата загина началникот на трупите за радијација, хемиска и биолошка заштита на руските оружени сили Игор Кирилов и негов помошник“, изјави портпаролот на Истражниот комитет.
За случајот е поведена кривична постапка.
Инцидентот се случи еден ден откако украинската служба за безбедност СБУ објави дека украинското обвинителство поднело обвинение против Кирилов, обвинувајќи го дека е одговорен за употребата на хемиско оружје против украинските војници за време на војната што започна со руската инвазија на Украина.
Истражниот комитет соопшти дека експлозијата се случила пред станбена зграда на Рјазански проспект, авенија во рускиот главен ргад која започнува на околу 7 километри југоисточно од Кремљ. Кирилов учествуваше во создавањето и усвојувањето на тешкиот пламенофрлачки систем ТОС-2 „Тосочка“ од страна на руската армија, како и во борбата против пандемијата со Ковид-19.
Lieutenant General Igor Kirillov, the Commander of the Russian Armed Force’s Radiological, Chemical and Biological Defence Unit, as well as one of his Deputies were Killed in a Bombing earlier tonight at the Entrance to an Apartment Building in the Ryazansky District of Moscow. pic.twitter.com/FhbzUuwwlj
— OSINTdefender (@sentdefender) December 17, 2024
Украина се уште не ја коментираше информацијата. СБУ соопшти дека руските сили користеле хемиско оружје речиси 5.000 пати за време на војната во Украина под водство на Кирилов.
Кирилов и негвиот воен оддел се ставени на списоците за санкции од Британија, Канада и Нов Зеланд во октомври поради нивната употреба на средства за контрола на немири и бројни извештаи за употреба на токсичниот агенс за задушување хлоропикрин на бојно поле.
Фото: Принтскрин/Х* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.