(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ЕЛИМИНИРАА РУСКИ ГЕНЕРАЛ: Се појави снимка од експлозијата
Објавено во: Свет 17 Декември, 2024
Украинската тајна служба ликвидираше уште еден руски генерал. Станува збор за Игор Кирилов.
На интернет се појави видео од атентатот на руски генерал во Москва.
На видеото се гледа како тој и неговиот помошник ја напуштаат зградата, а во близина има електричен тротинет во кој наводно имало експлозивна направа.
Направата е активирана од далечина, потврдија руски безбедносни извори за државната новинска агенција ТАСС.
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност изјави дека Украина ќе се соочи со „одмазда“ за убиството на Игор Кирилов.
Денешното убиство на еден од најважните руски генерали Игор Кирилов во Москва покажа дека Украина ги засилува атентатите на руска територија. Ова е трето вакво убиство што украинската тајна служба го извршила во изминатиот период.
На 13 ноември мета беше високиот руски поморски офицер Валери Тренковски, кој беше ликвидиран со автомобил-бомба на Крим. Извор од Украинската безбедносна служба (СБУ) тогаш кажа дека Тренковски бил воен злосторник кој наредувал ракетни напади врз цивилни цели во Украина.
Се верува дека украинското разузнавање стои и зад убиството на Михаил Шацки на 12 декември близу Москва. Шацки беше научник вклучен во руската програма за развој на проектили и софтвер со вештачка интелигенција за дронови. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
A video of Ukraine’s special operation to eliminate high-ranking Russian General Kirilov in Moscow has surfaced online.
— KyivPost (@KyivPost) December 17, 2024
The footage shows he and his assistant exiting a building, with the infamous scooter nearby. As they enter the blast zone, the scooter explodes. pic.twitter.com/R9CtkP72fA
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.