ПРОГНОЗА НА УНХЦР: Дали е можно милион бегалци да се вратат во Сирија на почетокот на 2025 година?
Објавено во: Свет 17 Декември, 2024
Од Турција и Либан неколку илјади сириски бегалци се вратија дома по падот на претседателот Башар ал Асад, кој пред десетина дена побегна во Русија.
Директорката на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) за Блискиот Исток, Рема Џамус Имејсис, денеска изјави дека организацијата очекува околу еден милион сириски бегалци да се вратат во Сирија во првите шест месеци од 2025 година.
Таа ги повика земјите да не почнуваат процеси на присилна депортација на бегалците назад во Сирија.
„Се надеваме дека некаде околу милион Сиријци ќе се вратат помеѓу јануари и јуни следната година, па затоа го споделивме овој план со донаторите, барајќи ја нивната поддршка“, изјави Џамус Имејсис.
Австрија нуди 1.000 евра за да можар бегалците да си одат дома во Сирија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.