Масакр во приватно училиште: По злосторството си пресуди самиот (Видео)
Објавено во: Свет 16 Декември, 2024
Најмалку четири лица се убиени, а седум хоспитализирани по пукање во христијанско училиште во Медисон, во американската сојузна држава Висконсин. Осомничениот малолетен напаѓач е мртов, соопшти полицијата.
Надлежните моментално работат учениците безбедно да излезат од зградата и вратат дома. Во училиштето учеле 390 деца од градинка до 12-то одделение.
- Мое искрено сочувство и молитви за сите жртви на трагедијата во христијанското училиште „Abundant Life“. Ќе продолжам внимателно да ја следам ситуацијата, напиша на социјалните мрежи сенаторот Рон Џонсон, републиканец од Висконсин.
BREAKING NEWS: Madison Police Confirm 7 Injured, 3 Dead Including The Shooter pic.twitter.com/FuHUCwcDOf
— White Rabbit Jedi (@WhiteRabbitJedi) December 16, 2024
САД постојано се соочува со пукања во училишта, и бројките се многу повисоки од која и да било друга земја. Властите се борат да преземат мерки за справување со овој феномен, особено во однос на ограничувањето на пристапот до огнено оружје.
BREAKING: At least 5 people shot at Abundant Life Christian School in Madison, Wisconsin - local media pic.twitter.com/lgPnWWQnxP
— BNO News (@BNONews) December 16, 2024
Фото: Притнскрин/Х
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.