ЕКСТРАДИЦИЈА НА ДЕМИРИ И ИСМАИЛОВИЌ: Што вели Курти за ова прашање?
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2024
Премиерот на Косово, Албин Курти денеска изјави дека министрите за правда на Македонија и на Косово работат на тоа што поскоро да се реши прашањето за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени во случајот Монструм.
На денешната седница на двете влада во Приштина беа присутни и двајцата министри за правда, Игор Филков и Албулена Хаџиу.
„Тие комуницираат директно меѓусебе и се залагаат да го решат што поскоро ова прашање со оглед на тоа што се работи и за прашање на судови, на јавни обвинителства. Ние сме во ситуација кога имаме наследено старо прашање, и ова наследено прашање налага законски, судски третман“, рече Курти.
Курти додаде дека двајцата министри за правда даваат максисмум за што поскоро да се реши ова прашање.
„Да им дадеме уште малку време на двајцата и да го решат овој проблем“, рече Курти.
Мицкоски рече дека го поддржува она што го кажа Курти. Косовскиот премиер вели дека не е вистиа тврдењето дека албанскиот јазик во Македонија е под закана.
Македонија со години чека екстрадиција на Демири и Исмаиловиќ, осудени за убиството кое се случи во 2012 година на Велики Петок на Смилковското езеро. Во масакрот на Смилковското езеро убиени беа четири млади момчиња и еден повозрасен човек.