18 Ноември, 2024
0.0289

ЕДЕН ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СО КОСОВО? Еве што најавува Мицкоски

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.

- Следната година економската соработка ќе биде над половина милијарда евра, вклучително и трговската размена меѓу нашите две земји. Во следните години ќе работиме во насока на тоа економската соработка да биде уште поголема, бидејќи тоа ќе ни донесе придобивки за двете земји, рече Мицкоски, објави државната Радио телевизија на Косово (РТК).

Премиерот потенцира дека и потпишувањето на денешните договори кои се од областа на енергетиката, граничната и на економската област се во таа насока.

- Ќе бидам среќен доколку за неколку недели од денеска, имаме еден граничен премин, каде граѓаните ќе застануваат на еден премин, а не на два. На овој начин нема да има метежи на границата и ќе се забрза трансферот на граѓаните, рече тој.

Косовскиот премиер Албин Курти ја истакна важноста на добрососедството и целосното спроведување во пракса на секој договор што ќе биде потпишан.

- Република Косово и Република Северна Македонија немаат несогласување. Имаме отворена комуникација и опсежна соработка. Ние сме соседи, пријатели и партнери поврзани не само преку трговијата, туку и преку врските меѓу нашите семејства и бизниси кои стануваат се посилни и посилни, потенцира Курти.

Тој рече дека оваа средба доаѓа и во чест на 15-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. Додаде дека досега се потпишани повеќе од 50 договори и меморандуми, потенцирајќи го нивното целосно и прецизно спроведување.

- Денеска ќе го унапредиме овој напредок со потпишување на два меморандуми и протокол во важни области како што се енергетиката, образованието и олеснувањето на слободното движење, нагласи Курти

Фото:МИА

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ МЛАДО МОМЧЕ: Кршел покуќнина и ја тепал својата мајка

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ МЛАДО МОМЧЕ: Кршел покуќнина и ја тепал својата мајка

ЕКСТРАДИЦИЈА НА ДЕМИРИ И ИСМАИЛОВИЌ: Што вели Курти за ова прашање?

ЕКСТРАДИЦИЈА НА ДЕМИРИ И ИСМАИЛОВИЌ: Што вели Курти за ова прашање?

МИЦКОСКИ ДАДЕ ОДГОВОР ЗОШТО СТОИЛКОВИЌ НЕ ОТИДЕ ВО КОСОВО: Гореше од желба да дојде, но не стигна поради обврски

МИЦКОСКИ ДАДЕ ОДГОВОР ЗОШТО СТОИЛКОВИЌ НЕ ОТИДЕ ВО КОСОВО: Гореше од желба да дојде, но не стигна поради обврски

СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Останува суспензијата за Мустафа Хајрулахи

СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Останува суспензијата за Мустафа Хајрулахи

ДАЛИ И ШТЕКЛИ СИ ЗАМИНУВА ОД ЗЕМЈАВА: Еве каква порака остави Раде Трајковски на социјалните мрежи, ама и негова фотографија

ДАЛИ И ШТЕКЛИ СИ ЗАМИНУВА ОД ЗЕМЈАВА: Еве каква порака остави Раде Трајковски на социјалните мрежи, ама и негова фотографија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА БОЛНИЦАТА КИЧЕВО - наместо да го користи, си го присвоил ехо апаратот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА БОЛНИЦАТА КИЧЕВО - наместо да го користи, си го присвоил ехо апаратот

ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА КОЛАПСОТ НА ЈСП: Претпријатието нема нафта?

ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА КОЛАПСОТ НА ЈСП: Претпријатието нема нафта?

СДСМ ОБВИНУВААТ: Полициски службеници присуствуваат на партиски состаноци на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ОБВИНУВААТ: Полициски службеници присуствуваат на партиски состаноци на ВМРО-ДПМНЕ

„ИЗГОВОР - ТИЕ ИМАЛЕ НАЈНИСКИ ПЛАТИ“: Левица бара одговорност за работењето на АД Пошта

„ИЗГОВОР - ТИЕ ИМАЛЕ НАЈНИСКИ ПЛАТИ“: Левица бара одговорност за работењето на АД Пошта