МИЦКОСКИ ДАДЕ ОДГОВОР ЗОШТО СТОИЛКОВИЌ НЕ ОТИДЕ ВО КОСОВО: Гореше од желба да дојде, но не стигна поради обврски
Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2024
Премиерот Христијан Мицкоски го оправда вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ кој денеска не отиде со нив во Приштина во Косово.
Рече дека тој „горел од желба да биде во Приштина, но бидејќи ја поместиле владината седница, поради оправдани обврски, не е денеска дел од меѓувладината средба“. Мицкоски објасни дека првично меѓувладината седница била закажана за петок 15 ноември.
Мицкоски порача дека „ние како држава и како Влада сме го кажале ставот што е Косово и тоа меѓу првите во светот“.
Владите на Македонија и Косово денеска имаа заедничка седница во Приштина.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски