18 Ноември, 2024
0.0307

СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ ДОНЕСЕ ОДЛУКА: Останува суспензијата за Мустафа Хајрулахи

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката на обвинителот Љупчо Коцевски за суспензија на обвинителот Мустафа Хајрулахи.  Одлуката е донесена со седум гласа „за“ и еден „против“.

Членовите на Советот на јавни обвинители со одлука денеска го потврдија решението на државниот  јавен обвинител Љупчо Коцевски за суспензија на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи додека трае кривичната постапка протов него. Советот ја одби жалбата на Хајрулахи како неоснована.

„Се потврдува одлуката со која вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, се оддалечува од вршење на функцијата јавен обвинител за време додека трае кривичната постапка“, изјави денеска претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриевска.

Членот на Советот Кети Петкова, пак, смета дека одлуката треба да се преиначи, затоа што според неа републичкиот обвинител Коцевски со решението за суспендирање на Хајрулахи го крши Законот за јавно обвинителство.

„Недопустливо е повод за суспензија да биде кривична пријава за мобинг“, рече Петкова.

Хајрулахи минатата недела откако го суспендираа од функцијата обвини дека кривичната пријава поднесена против него е со намера да го оцрнат. Тој го обвини републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски дека му врши брутален притисок, со цел Вишото ЈО да донесе нарачана одлука за предметот со бонусите во поранешното Специјално јавно обвинителство, односно да ја потврди одлуката на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција. 

Одлуката за суспендирање на Хајрулахи се случи откако Основното јавно обвинителство Штип донесе наредба за спроведување истражна постапка против него за сторено продолжено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, како и за продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Можеби ќе ве интересира

НЕКОЛКУ ГРАДА СЕ ВО ВИОЛЕТОВА БОЈА: Воздухот вечерва екстремно загаден

НЕКОЛКУ ГРАДА СЕ ВО ВИОЛЕТОВА БОЈА: Воздухот вечерва екстремно загаден

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ МЛАДО МОМЧЕ: Кршел покуќнина и ја тепал својата мајка

ПОЛИЦИЈАТА УАПСИ МЛАДО МОМЧЕ: Кршел покуќнина и ја тепал својата мајка

ЕКСТРАДИЦИЈА НА ДЕМИРИ И ИСМАИЛОВИЌ: Што вели Курти за ова прашање?

ЕКСТРАДИЦИЈА НА ДЕМИРИ И ИСМАИЛОВИЌ: Што вели Курти за ова прашање?

МИЦКОСКИ ДАДЕ ОДГОВОР ЗОШТО СТОИЛКОВИЌ НЕ ОТИДЕ ВО КОСОВО: Гореше од желба да дојде, но не стигна поради обврски

МИЦКОСКИ ДАДЕ ОДГОВОР ЗОШТО СТОИЛКОВИЌ НЕ ОТИДЕ ВО КОСОВО: Гореше од желба да дојде, но не стигна поради обврски

ДАЛИ И ШТЕКЛИ СИ ЗАМИНУВА ОД ЗЕМЈАВА: Еве каква порака остави Раде Трајковски на социјалните мрежи, ама и негова фотографија

ДАЛИ И ШТЕКЛИ СИ ЗАМИНУВА ОД ЗЕМЈАВА: Еве каква порака остави Раде Трајковски на социјалните мрежи, ама и негова фотографија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА БОЛНИЦАТА КИЧЕВО - наместо да го користи, си го присвоил ехо апаратот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА БОЛНИЦАТА КИЧЕВО - наместо да го користи, си го присвоил ехо апаратот

ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА КОЛАПСОТ НА ЈСП: Претпријатието нема нафта?

ЕВЕ КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА КОЛАПСОТ НА ЈСП: Претпријатието нема нафта?

ЕДЕН ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СО КОСОВО? Еве што најавува Мицкоски

ЕДЕН ГРАНИЧЕН ПРЕМИН СО КОСОВО? Еве што најавува Мицкоски

СДСМ ОБВИНУВААТ: Полициски службеници присуствуваат на партиски состаноци на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ОБВИНУВААТ: Полициски службеници присуствуваат на партиски состаноци на ВМРО-ДПМНЕ