„Ербас“ им продаде 100 авиони на Кинезите
Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2014
Францускиот произведувач на авиони Ербас потпиша протоколарен договор со кинеската компанија „Чајна еркрафт лизиннг компани“ за продажба на 100 летала од семејството на „A320“.
Вкупната каталошка цена е 10,2 милијарди долари, соопштено е од Ербас .
Договорот опфаќа 74 авиони од типот „A320neo“, 16 „A320ceo“ и 10 „A321ceo“, пренесува АФП.
Со најновата нарачка, компанијата „CALC “ ќе поседува флота од 140 летала од типот „A320“, се додава во соопштението.
„Кога една компанија како „CALC“ која е лидер во секторот на лизнингот и која работи на најбрзо растечкиот пазар на светот, порачува наши авиони од типот „A320“ тоа за нас е уверлив знак на успех на нашите бестселер модели на долг рок“, изјавил комерцијалниот директор на Ербас, Џон Лихи.
Ербас наведува дека досега добил близу 11 илјади нарачки за авиони „A320“, а испорачани се вкупно 6200 и тоа за 400 клиенти ширум светот, што „A320“ го прави најпродаван авион во светот од овој тип.
Истиот извор потсетува дека компанијата веќе објавила дека за 10 месеци оваа година примила 794 нето нарачки и испорачала 493 летала.