27 Април, 2024
0.0248

Еван Лутра: Раководам со бизнисот од 12 години, а сега сум милионер!

Објавено во: Мои пари 02 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Кој е милионерот, инстаграм ѕвезда и сериски претприемач, говорник на Економскиот форум во Давос кој доаѓа во Македонија на 13 септември? Еван Лутра, основач на Стартап Студио, инвеститор во над 50 компании од различни области, познат по екстравангантниот животен стил, доаѓа во Скопје на 13 септември како гостин спикер на Балканскиот претпримачки самит.

На покана на центарот за неформално образование Creative Hub и Стопанската комора на Македонија, Еван ќе биде гостин спикер на годинешниот Балкански претприемачки самит кој ќе се одржи  на 13 септември 2019 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Кога Еван имал само 12 години татко му имал голем неуспех со кол-центарот и ја довел фамилијата до банкрот. По тој неуспех на Еван му останале 200 компјутери кои ги искористил за да научи како функционира компјутерскиот систем. Еван е еденод првите кои започнале со развој на мобилни апликации. Меѓу апликациите се вбројуваат „Wiwigo“ - индискиот Убер стартап, „Givvr“ и други.  Првиот милион го има заработено токму преку првата апликација на App store. Сопственик е на Стартап Студио, акредитиран инвестирот на Ангеллист, и ЕЛ Интернатионал Груп, а честопати е гостин на бројни конференции како и почесен докторант.

Во 2016  година, Еван додели 200.000 евра инвестициски капитал на победникот на Бугарскиот претпремачки настан “Webit”.

Стартап компании подгответе се за претставување !

Балканскиот претприемачки самит претставува настан кој има за цел на едно место да ги обедини бизнисмените од регионот се со цел да ги поврзе во меѓусебна соработка која во иднина ќе отвори нови можности за сите. Преку искусни говорници од различни индустрии гостите ќе имаат можност да слушнат за инвестициски трендови, трендови во дигиталниот маркетинг, искуства на едни од најуспешните балкански бизнисмени, луѓе кои развиваат технологии на иднината и иновативни решенија во индустриите.

Повеќе информации за Самитот, како и за начинот на регистрирање можете да најдете на следниот линк.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг