14 Ноември, 2025
0.0509

ЕВЕ КОГА ДОАЃА НОВ ВЛАЖЕН ВОЗДУШЕН БРАН: Доаѓаат поинтензивни врнежи од дожд и снег

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2023 11:00

Добивај вести на Viber

Временска прогноза за претстојната недела беше објавена од страна на метеорологот Славчо Попоски.

„ Денот недела во Македонија ни носи краткотрајна промена на времето, кога во попладневните и во вечерните часови во западните предели ќе има појава на локален дожд, а на планинските места и на Скијачките центри тие ќе бидат од снег. Врнежите ќе бидат претежно со слаб, или со слаб до умерен интензитет.

Потоа од понеделник до среда ќе имаме претежно стабилно и суво време. Односно времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и малку потопло преку ден со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени. Наутро пак тие и понатаму на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, и во интервалот од -4 до 1 степен.

Нов влажен воздушен бран од запад и од северозапад територијата на Македонија ќе ја зафати во четврток попладне и навечер и истиот ќе услови поинтензивни врнежи од дожд, како и поинтензивни врнежи од снег на планините и на Скијачките центри.

Во Скопје и околината времето ќе биде слично како и во останатите предели од Македонија.

За многу повеќе детали за времето во регионот, заследете ја фејсбук страницата на мојот одличен пријател Господин Дино Дундиќ –Pogled na klimu i njene promjene by Dino Dundic “ објави тој.


Можеби ќе ве интересира

Нема фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро, Град Скопје донесе забрана

Нема фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро, Град Скопје донесе забрана

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството

Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството

Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300

Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело

ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИЛА 2.500 ИНФУЗИСКИ МЕДИЦИНСКИ СЕТА: Игли, шприцеви, канили и системи за инфузија

ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИЛА 2.500 ИНФУЗИСКИ МЕДИЦИНСКИ СЕТА: Игли, шприцеви, канили и системи за инфузија

Судиите со отворено писмо до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата

Судиите со отворено писмо до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Драги Митковски ќе седне на директорското столче

ЕВЕ КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ КОМУНАЛНА ХИГИЕНА: Драги Митковски ќе седне на директорското столче